Гостите на свадбата на Северина и Игор спремиле коверти со евра
Гостите за свадбата на Северина Вучковиќ и Игор Којиќ подготвија коверти со евра.
Така младенците, наместо уметнички дела, пегли, лампи и тостери, по свадбата ќе бројат кеш. Повеќето гости на прашањето на српски Курир што ќе им подарат на младенците, одговориле - пари.
-За венчавката одбрав црн секси фустан до колена, а на младенците им носам плико. Очекувам одлична забава - вели Дара Бубамара.
Композиторот и текстописец на повеќето хитови на Северина Филип Милетиќ подготвил ист подарок.
-Милош Рогановиќ и јас одиме на свадба без Министарке, кои имаат закажан настап. Ќе донесеме коверт како подарок, па сами нека одлучат како ќе ги потрошат, вели Филип.
Омилениот фолк пејач на Северина, Саша Матиќ, ќе им пее на младенците и исто ќе им подари пари.
-Ќе ги пејам месните што ги сака северина. Сметам дека песната и доброто расположение, со грст убави желби, се најдобар подарок за младенците, па затоа ќе им подарам коверт, вели Саша.
Ново на Сител
-
МОН мобилизира мрежа од 100 психолози за да помогнат на кочанчани и околината
-
Вонредни инспекции ги тресат угостителите
-
Се проверуваат сите 1.100 лиценци издадени согласно Законот за градба, речиси 100 се одземени
-
Млади од Тетово бараат правда за несреќата во Кочани, но и за Ласкарци и модуларната болница
-
Преглед на вестите од светот
-
10 пациенти пуштени на домашно лекување, Таравари апелира граѓаните да не собираат пари сами, лекувањето е бесплатно
-
27 лица и 3 фирми осомничени за пожарот во Кочани, 30-дневен притвор за екс министерот Бектеши
-
Николовски: Се контролираат и лиценци за изградба на сите објекти