-->
-->
„Господ постои, името и е Петрунија“ победник на Филмскиот фестивал во Херцег Нови
-->
Филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ на режисерката Теона Стругар Митервска ја доби главната наградата „Златна мимоза“ за најдобар филм на штотуку завршениот Филмски фестивал во црногорскиот град Херцег Нови, соопшти денеска продукцијата „Сестри и брат Митевски“.Оваа десетта награда во низа за овој филм ја додели петочлено жири во состав Дуња Клеменц, продуцент од Словенија, Винко Брешан, режисер од Хрватска, нашиот актер Никола Ристановски, Јелена Мишељиќ, продуцент од Црна Гора и српскиот режисер Никола Ључа.
Во образложението на наградата жирито оценува дека „Господ постои, името и е Петрунија“ претставува „политичко провокативната модерна бајка, која одекнува, боли и засмејува“.
Продукцијата „Сестри и брат Митевски“ информира дека во текот на месец август филмот ќе биде прикажан на седум фестивали ширум светот, меѓу кои и Филмскиот фестивал во Мелбурн, Меѓународниот филмски фестивал „Исток и Запад“ во Русија, на отворањето на Фестивалот „Меѓународен женски филм“ во Сеул, на Сараевскиот филмски фестивал, како и на Венецијанскиот филмски фестивал, каде ќе биде емитуван како еден од трите кандидати за престижната награда на Европскиот парламент, „Лукс“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски објави специјално видео за независноста, Филипче тврди дека се слават успесите на СДСМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: Згрозени сме од политичката некултура
-

Трамп: Подготвени сме да го зголемиме економскиот притисок врз Иран
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 15 лица безобѕирно управување моторно возило
-

Расчистено разбојништво од почетокот на јули во скопско, приведени две лица
-

Маратонецот Ивановски единствен македонски атлетичар на ЕП во Бирмингем
-

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
