„Господ да ја благослови Македонија“ - книга во спомен на претседателот Борис Трајковски
Во издание на „Студентски сервис“ од Скопје излезе од печат книгата „Господ да ја благослови Македонија“ на Свето Стаменов, политиколог, новинар и публицист, и Билјана Таневска Спировска, новинар на Македонското радио – Радио Скопје, која е посветана на дваесетгодишнината од трагичната смрт на претседателот на Република Македонија Борис Трајковски.
Книгата ги содржи четирите специјални емисии на Македонското радио – Радио Скопје: „Во спомен на претседателот“ (радио-стории за личноста, делото, човекољубието и хуманоста на претседателот Борис Трајковски) – посветена на тригодишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски, (емитувана на 26 февруари 2007 година), „Господ да ја благослови Македонија“ – посветена на петгодишнината, (емитувана на 26 февруари 2009 година), „Сè што е за својот народ, не е тешко да се работи!“ – посветена на десетгодишнината (емитувана на 25 февруари 2014 година), која всушност е интервју со проф. д-р Трајан Гоцевски, министер за одбрана во првата влада на независна и суверена Република Македонија и член на Советот за национална безбедност на Република Македонија во времето на претседателствувањето на претседателот Борис Трајковски, и „Господ да ја благослови Македонија“ – посветена на дваесетгодишнината од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски (емитувана на 26 февруари 2024 година).
Специјалните емисии содржат автентични аудио-снимки од говорите на претседателот Борис Трајковски, искази и сеќавања на негови блиски соработници и пријатели и оригинални новинарски извештаи за загинувањето и погребот емитувани на програмата на Македонското радио - Радио Скопје сè со цел да се даде што поцелосна слика за личноста и делото на претседателот Борис Трајковски.
Во книгата се поместени и содржините на централната информативно-политичка емисија на Македонското радио – Радио Скопје „Пладневен радиовесник“, емитувана на 26 февруари, 3 и 5 март 2004 година, чиј уредник и водител беше Свето Стаменов, како и двете интервјуа што тој ги реализира со претседателот на Комисијата за утврдување на причините на авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски на Владата на Босна и Херцеговина Салко Бегиќ („Завршени се истражните работи за авионската несреќа“ и „Истрагата за уривањето на ’Кингерот’ влегува во втора фаза“) и првата вест на Македонското радио – Радио Скопје за авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски.
„Господ да ја благослови Македонија“ авторите ја посветуваат на нивната колешка Искра Чоловиќ (1960-2023) - доајен на македонското радио-спикерство, новинар и познат и признат македонски публицист, која даде огромен придонес во оформувањето на специјалните емисии и која на 26 февруари 2004 година ја соопшти првата вест на Македонското радио – Радио Скопје за авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски.
Книгата „Господ да ја благослови Македонија“, која излезе со сесрдна помош на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, е збогатена со пригодни текстови посветени на претседателот Борис Трајковски на проф. д-р Цане Т. Мојаноски („Сведоштво за трајната и вонвременска димензија на претседателот Борис Трајковски“), проф. д-р Трајан Гоцевски („Историска и, пред сè, човечка димензија погледната низ новинарското око“), проф. д-р Димитар Пандев (Меѓу достоинството на Република Македонија и достоинството на Македонското радио“) и проф. д-р Милан Јазбец („Книгата како модел на врвен професионализам, историско достоинство и длабоко почитување“), како и со воведниот текст „Книга – споменик“ на Зоран Заев, поранешен претседател на Владата на Република Северна Македонија и основач на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“.
Инаку, Свето Стаменов и Билјана Таневска Спировска пред неколку месеци го објавија ЦД „Господ да ја благослови Македонија“, кое ја содржи специјалната емисија емитувана на програмата на Македонското радио – Радио Скопје на 26 февруари годинава, по повод дваесетгодишнината од загинувањето на претседателот на Република Македонија Борис Трајковски.
Ново на Сител
-
Се пренасочува сообраќајот на магистрален пат Скопје – ГП Блаце
-
Американците се обложиле во 100 милиони долари на Трамп против Харис
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО-ДПМНЕ
-
Конференција 75 години НАТО
-
Опозицијата прифаќа да оди на предвремени избори, албанската коалиција на власт смета дека нема потреба од избори
-
Изборен ден во САД
-
Без струја дел од корисниците во општините Карпош, Сопиште, Кисела Вода и Ѓорче Петров
-
Состојба на патиштата