Гори депонијата кај Добрашинци
Четири дена гори депонијата кај селото Добрашинци во општина Василево, откако избувнал пожар во неделата попладне.
Граѓани од ова село го пријавиле пожарот во депонијата кај инспекциските служби, а вработени од комуналнoто претпријатие од Струмица се на терен и работат на санирање на пожарот.
Според информации од ЈПКД „Комуналец“ од Струмица, депонијата била запалена од неодговорни граѓани, а пожарот избувнал во изолираниот дел за тврд отпад.
Голем, дваесеттонски, багер од вчера е на депонијата и работи на санирање на запалениот отпад и смет.
Горењето на депонијата го потврдија и од ТППЕ Струмица. Информираа дека заедно со вработените од „Комуналец“ не дозволиле пожарот да е прошири и од вчера е ставен под контрола.
Инаку, на депонијата кај Добрашинци се одлага отпад и смет од општините Струмица и Василево.
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето