Гори центарот на Загреб: Повредени тројца полицајци, се евакуираат граѓани од куќите

„Ова е ужас, целиот град е во чад“, вели загрепчанка која го снимила пожарот во центарот на градот.
Низ Загреб се шири голем пожар, а тројца пожарникари поради труење со чад се пренесени во болница. Огнот наводно се проширил и на шумата, од каде во тек е евакуација на жителите на неколку куќи, пренесуваат хрватските медиуми.
Изгореле, како што се наведува неколку автомобили. Очевидци тврдат дека чадот го прекрил целиот град.
Засега е познато дека пожарникарите се на терен, а точната причина за пожарот во Спортско - рекреативниот центар Јеленовац и семејната куќа ќе биде позната по увидот.
Сопственици на тој центар се семејството Хала, а покрај ојектот на центарот има и ресторан, кафуле и нивната куќа... Основачот на центарот Славко Хала е бизнисмен и фудбалски стручњак.
Во меѓувреме една компанија на Хала која управувала со спортскиот центар отиде во стечај, а во стечај е и неговата градежна фирма.

Со спортскиот центар сега управува СРЦ Јеленовац кој го води неговата ќерка Андријана Хала Шамаринец.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
