Горела деградирана шума над манастирот во Матејче и сува трева на потег покрај пругата кај кумановските села Агино Село, Брзак и Романовце
Сува трева и деградирана шума гореле над манастирот во Матејче, неколку противпожарни екипи се смениле при гасење на пожар на стрништа помеѓу Агино село, Брзак и Романовце, соопшти денеска РЦУК Куманово.
Пожарот над манастирот Матејче избувнал во 19:30 часот, на терен го гаселе противпожарна екипа со тројца пожарникари, вработени во „Национални шуми“.
-Поради лоша конфигурација на теренот е непристапен за гасење. Дополнително го отежнува и намалената видливост во вечерните часови. Екипа на ТППЕ Куманово се врати во својата единица во 21: 40 часот. Една екипа на Македонски шуми остана да дежура во текот на ноќта и се повлекла од местото на настанот околу полноќ, велат од РЦУК Куманово.
Пожарот според последните информации не е активен и на локацијата дежура екипа на „Национални Шуми“, но, во соопштението на РЦУК Куманово се додава дека не е исклучена можноста за повторно активирање на пожарот, поради повисоките дневни температури.
Територијалната противпожарна единица бележи интервенции на опожарена сува трева покрај пругата на потегот помеѓу селата Агино Село-Брзак-Романовце во 16:00 часот. Во гасењето на опожарените површини во текот на денот учествувале пет противпожарни екипи, а во вечерните часови две возила со седум пожарникари кои работеле на догасување на пожарот кој целосно е изгаснат во 22:40 часот.
Ново на Сител
-
Превентивни активности за безбедно патување во летни услови
-
Мицкоски: Будно ја следиме состојбата со Иран и Израел, активиран е кризен штаб во МНРиНТ
-
Кац: Техеран ќе гори ако продолжат иранските напади врз Израел
-
Велешанец нападнал малолетничка и се заканувал на полицијата - моментално е во бегство
-
42-годишник од Виница возел со 2,99 промили во крвта, се превртил на патот
-
Убиени уште двајца виско рангирани ирански генерали
-
Неколку земји на Блискиот Исток повторно го отвораат водушниот простор за цивилен сообраќај
-
Тешко повреден скопјанец откако излетал од пат со возило