Горбачов верува дека е можно создавање нов Советски Сојуз
Последниот советски претседател Михаел Горбачов верува дека е можно да се формира нова сојузна држава во границите на некогашниот Советски Сојуз.
- Сметам дека може да има нов Советски Сојуз во поранешните граници и во истиот состав на доброволна основа, изјави Горбачов.
Тој нагласи дека не се смета одговорен за распадот на Советскиот Сојуз, бидејќи, како што рече, до самиот крај се борел за негово опстојување.
- На настаните влијаеја низа фактори, вклучувајќи ги и пучот во август 1991 година и специфичниот карактер на првиот претседател на Русија, Борис Елцин, изјави Горбачов.
Тој оцени дека Елцин „едноставно не сфаќал дека има важна улога“ и дека „почнал да се бори против центарот на Сојузот“.
- Затоа обидот за создавање единствена нација не успеа во Советскиот Сојуз и мораа да се согласат на формирање на Русија, тврди Горбачов.
Тој ги отфрли како неосновани тврдењата дека до распадот на Советскито Сојуз довеле реформите што тој ги покрена познати како перестројка.
- Би било голема историска грешка да се мисли така. Во текот на перестројката земјата тргна по патот на слободата и демократијата. Таа се покажа тешка. Потешка отколку што мислевме на почетокот, рече Горбачов.
Ново на Сител
-
Лице од Скопје уапсено во Дебар бидејќи ја принудувал малолетната ќерка да питачи
-
Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир при извршување на работни задачи
-
Косовскиот парламент не успеа да се конституира нитy по 45-ти пат
-
Куманово објави оглас за работно ангажирање на 30 пожарникари
-
ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола
-
29 надгробни плочи и споменици оштетени во рок од два дена на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кривична за наставничка од беровско која нападнала ученик
-
50-годишен маж пронајден со прострелни рани во Батинци, починал пред прием во болница