-->
-->
Горазд Србљак влезе на АТП листата
-->
Македонскиот тенисер Горазд Србљак е седмиот наш тенисер кој има пласман на АТП листата. Тој успеа да се избори за еден поен на фјучрс во Турција и сега се наоѓа на 1.893 место. Србљак има 17 години и годинава беше дел од Дејвис куп репрезентацијата на Македонија во Сан Марино.
Пласман на македонските тенисери на ранг лисата:
559. Томислав Јотовски 61 поен
945. Димитар Грабул 15
1314. Бесир Дургути 5
1386. Стефан Мицов 4
1484. Шендрит Деари 3
1554. Бојан Јанкуловски 2
1893. Горазд Србљак 1
Од македонските тенисери оваа недела е активен Стефан Мицов, кој успешно ги мина квалификациите на фјучрсот во Хрватска (Бол).
квалификации:
1.коло: Иван Ранџеловиќ (БиХ) 6:1 и 6:0
2.коло: Рана-Руп Булар (Норвешка) 6:3 и 6:1
3.коло: Доминик Спрох (Словачка) 6:4 и 6:1
На главниот турнир Мицов утре ќе игра против четвртиот носител 31.годишниот Даниеле Џорџини од Италија. Во моментов 698 место, а бил и 242. Мицов ќе настапува и во двојки.
Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа е прва фаворитка на фјучрсот во Врњачка Бања, Србија. Таа е носител број 1 во двете конкуренции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени двајца возачи во Тетовско за пребрзо возење
-
Змија на тераса во Карпош | ФОТО
-
Честитка од министерот за јавна администрација по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Денот на трудот во Грција ќе се одбележи со традиционални протести
-
ВМРО - ДПМНЕ со првомајска честитка: Работниците се темелот за иднината на Македонија
-
Приведени возачи во Куманово и Кумановско под дејство на алкохол
-
Американскиот Сенат одби да ги поништи царините на Трамп
-
Камала Харис ги повикува Американците да му се спротивстават на Трамп