Македонија
18. October 2018 - 23:36

Горат гробиштата во Битола, огнот блиску до куќите

Вечерва горат старите турските гробишта во Битола, објави пред малку Апла.мк.

Жителите од населбата Ушици реагираат дека гори веќе подолго време, пожарот се шири со големи пламени јазици и веќе се доближува до куќите и предизвикува паника кај населението.

Се сомневаат дека се работи за подметнат пожар зашто се појавил доцна попладнево.

Фотографијата ја испратиле жители од зградите во близина и велат дека пламените јазици се толку високи што можат да се видат дури и преку покривите на околните куќи.

Ова не е првпат да се палат турските гробишта во Битола. Годишно по неколку пати горат, посебно во летниот период кога се обраснати со густа вегетација.