Голоб најави консултации за новата словенечка влада
Победникот на парламентарните избори во Словенија и иден премиер Роберт Голоб најави дека во најбрз можен рок, најверојатно денеска, ќе почнат консултациите со партнерските партии за формирање влада.
– Очекувам преговорите со идните коалициски партнери да започнат во вторник, изјави Голоб за словенечкото издание на порталот Н1, истакнувајќи дека неговото Движење Слобода смета на сојуз со социјалдемократите (СД) на Тања Фајон, но и со Левица на Лука Месеца.
Голоб потврди дека би сакал да вклучи две партии од левиот центар во идната влада, кои не го поминаа цензусот на општите избори, а тоа се Листата на Марјан Шарец (ЛМШ) и Сојузот на Аленка Братушек (САБ).
Тој посочи дека неговата цел е да формира влада од луѓе кои се професионални и квалитетни, без разлика на нивната партиска припадност.
„Ние не сме класична партија, ние сме движење. Затоа немаме партиска дисциплина, ниту имаме намера да ја применуваме. Ние ги оценуваме поединците врз основа на нивната стручност и знаење. Партиското членство не е услов за добивање на функцијата, рече Голоб.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори