-->
-->
Голманот на Мехелен одбрани три пенали
-->
Голманот на белгискиот прволигаш Мехелен, Жан Франсоа Жиле (36), во неделата му помогна на својот тим да го избегне поразот од Андерлехт во Брисел, откако успеа да одбрани три удари од 11 метри!
Ветеранот направи неверојатен подвиг, тој уште во првите 14 минути одбрани два пенала, најпрвин го скроти ударот на Прает во седмата, а потоа и на Окака во 14.минута.
Окака во 55.минута успеа да го совлада Жиле и да му донесе водство на Андерлехт. Најтрофејниот белгиски клуб можеше да ја завери победата во 89.минута, но брилијантниот Жиле одбрани уште еден пенал, најстрогата казна ја изведе Тилеменс.
Поради овие промашувања фудбалерите на Андерлехт беа сурово казнети кога Сенегалецот Мбоџи си постигна авто-гол во 93.минута и го постави конечниот резултат 1:1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски ќе биде 13 премиер на 20. македонска влада
-
Духовден – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата
-
Враќање на довербата во институциите, елиминирање на корупцијата, владеење на правото, економски прогрес - приоритети на новата влада
-
Европската мрежа на оператори истражува како дошло до прекин на струја во регионот
-
Пентагон: Американскиот носач на авиони „Двајт Ајзенхауер“ го напушти Црвеното Море
-
Над 100 милини Американци се предупредени за невидени жештини
-
Сончево и многу топло, попладне локален пороен дожд и услови за невреме
-
Реакција од медиумите и СИРИЗА