Големо откритие: Јупитер е најстара планета во Сончевиот систем

phys.org - Њујорк
Меѓународен тим од научници дојдоа до откритие дека Јупитер е најстара планета на земјиниот Сончев систем.
Испитувајќи примероци од волфрам и изотопи на молибден од железните метеорити, тимот составен од научници од Националната лабораторија „Лоренс Лајвмор” и од Институтот за палеонтологија при Универзитетот во Минстер, пронајдоа дека тие метеорити се составени од две генетички различни небуларни (небула – облак составен од прашина и гасови) резервоари, кои коегзистираат и покрај тоа што останале раздвоени меѓу еден до три или четири милиони години по формирањето на Сончевиот систем.
- Најприфатливо објаснување на вака ефикасниот механизам на сепарација тежи во настанокот на Јупитер, отварање на расцеп во дискот (површина која ја формираат гасот и прашината од ѕвездите) и спречување на размена на материјалот меѓу два резервоари, вели Томас Крујер, главен автор на извештајот објавен во списанието „Просидингс оф д Нешанл Академи оф Сајнс“.
- Јупитер е најстара планета на Сончевиот систем а неговото цврсто јадро е формирано многу порано од настанокот на гасот од соларната небула, во согласност со моделот за зголемување на јадрото според кој се формирани планетите, наведе тој.
Јупитер е најмасивна планета на Сончевиот систем, а познавањето на неговиот настанок е клучно за разбирање на начинот на кој тој систем еволуирал до таков каков што е денес.
Иако досегашните модели предвидувале дека Јупитер настанал релативно рано, се до сега времето на неговиот настанок не е по прецизно одредувано.
- Немаме никакви примероци од Јупитер (за разлика од примероците од Земјата, Марс, Месечината и астероидите). Во студиото користиме изотопски потписи од метеоритите (кои потекнуваат од астероидите) за да дојдеме до заклучок колку е стар Јупитер, вели Крујер.
Со анализа на изотопите тимот на научници дојде до заклучокот дека цврстото јадро на Јупитер е формирано пред околу милион години по почетокот на настанокот на Сончевиот систем, што го прави негова најстара планета. Во текот на процесот на забрзана формација, Јупитер се однесувал како ефикасна бариера на внатрешниот пренос на материјалот преку дискот, што претставува потенцијално објаснување зошто во Сончевиот систем не постои некаква Суперземја (екстрасоларна планета со маса поголема од Земјината).
Научниците заклучиле дека јадрото на Јупитер пораснало до 20 маси од Земјата за околу милион години, што подоцна било проследено со продолжен раст до големина од 50 земјини маси, во наредните три до четири милиони години, откако се формирал Сончевиот систем.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
