Големо благодарам од Архиепископот Стефан до Вселенскиот Патријарх Вартомомеј
Делегацијата на Охридската Архиепископија, предводена од Архиепископот г. Стефан, попладнево пристигна во Цариград и беше пречекана на Аеродромот ИСТАНБУЛ од страна на Високопреосвештениот Митрополит Кидониски г. Атинагора, Високопреподобниот Архимандрит г. Григориј, началник-секретар на Светиот и свештен Синод и Великиот Свештенопроповедник г. Панарет.
Делегацијата набрзо се упати кон древниот и свет Патријаршиски и Ставропигијален Манастир "Балаклија", каде се одржа Вечерна богослужба по повод именденот на Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. Вартоломеј.
На Вечерната богослужба присуствуваше и Архиепископот на Крит, г. Евлогиј, како и голем број архиереи, монаси, дипломати и други гости. Празничната богослужба ја отслужи Великиот Протосингел на Вселенската Патријаршија г. Теодор Меимарис.
На крајот од богослужбата, Патријархот г. Вартоломеј на Архиепископот г. Стефан, свечено му го предаде Патријаршискиот и Синодален Акт за примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство, откако пред четири години нашиот Синод поднесе молба за апелација до Вселенската Патријаршија, како врховна инстанца во Православието.
Архиепископот Стефан во своето обраќање кон Вселенскиот Патријарх, меѓу другото рече:
"Дојдовме при Вас, веруваме во исполнето време, време во кое Вие го слушнавте крикот на нашето срце и го почувствувате копнежот на нашите души! Дојдовме при Вас и сме многу радосни поради тоа. Дојдовме да го изразиме нашиот копнеж по Христа, кој, како православни Христијани, го имаме, и да ги изразиме почитта, честа и благодарноста пред Вашиот престол – да ги објавиме гласно, овде, од под куполата на Константинополската Црква, пред сечесниот Вселенски престол, нашата љубов кон целата Вселена.
Затоа, стоејќи денес пред Вас и со привилегијата да стоиме со Вас, дојдовме да Ви кажеме едно големо благодарам! Еве, токму во оваа благословена вечер, во која се собрани многу благодатни добрини: празникот на апостолите Вартоломеј и Варнава и соборот на првата светогорска икона 'Достојно ест"; оваа ставропигија во која се наоѓаме и живата вода која се роди од Живоносниот источник; мртвите во гробовите и мртвите што воскреснавме; еклитонот кој кон Вас го упативме и преку чие оправдување нè прифативте во општење со Вас и со сиот православен свет; и Вие, Архиепископе Константинополски, Вашите привилегии и Вашето срце полно со љубов".
Ново на Сител
-
Музеите лани ги посетиле 289 767 граѓани
-
Да се цени фактот што Васил ја призна вината и изрази најдлабоко можно каење, вели неговиот адвокат
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договор за „One Stop“ систем и брза заедничка гранична контрола, имплементација пред летната сезона
-
За три дена во близина на грчкиот остров Гавдос спасени 270 мигранти и уапсени петмина криумчари
-
Трамп предлага намалување на царините за Кина на 80 проценти
-
Кривични пријави за злоупотреба на постапката за доделување договор за превоз на ученици во Куманово
-
Шаја Лабјуф за кавгата со Алек Болдвин: Беше тензично на пробите
-
Малолетничка дала 25.000 евра на ученици кои ја уценувале дека ќе го претепаат нејзиниот брат доколку не им даде пари