-->
-->
Големо апсење на аеродром, уапсени двајца криминалци
-->

Вчера во 12.20 часот на Граничен премин Аеродром „Александар Велики“ Скопје, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето Џ.О. (41) од с.Сингелиќ, скопско, евидира со мерка “А” (апси). Лицето е приведено и во 14.45 часот, со Потврда за предавање на лице, е предадено на полициски службеници од ПО Петровец за понатамошна постапка.
Рано утрото во 06.00 часот на аеродромот, при пасошка контрола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “фалсификување на патна исправа “ приведен е A. C. (20) од Р.Албанија. Со истиот е обавен разговор, по што со Потврда за предавање на лице, е предаден на инспектор за понатамошна постапка.
Вчера вечер во 20.30 часот на ГП „Деве Баир“, при пасошка контрола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ фалсификување на патна исправа“ приведен е Р.С. (21) од Р.Албанија. Во 22.30 часот, со Потврда за предавање лице, истиот е предаден на полициски службеници од ПС ОН Крива Паланка за понатамошна постапка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа
-

Активни 11 пожари и три под контрола
-

Претреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција
-

Кавадарчанец во полиција пријавил измама од 3.200 евра
-

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени пет лица
-

„Безбеден град“ досега евидентирал 310.865 прекршоци, од кои 180.378 за возила со странски регистарски ознаки
-

Од утре пониски температури, локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Пет тинејџери загинаа во сообраќајка во Ирска додека се снимале како возат во спротивна насока на автопат
