Свет
16. July 2015 - 17:08

Голема воена вежба на НАТО за борба против Исламскате држава

Спречени напади врз воени објекти  во Франција

Француските сили за безбедност уапсиле 4 лица под сомение дека подготвувале напади врз воени бази во земјата. Уапсените се на возраст од 16 до 23 години а за еден од нив  властите и претходно имале информиции дека  е во контакт со француските џихадисти кои се во затвор. Покрај нападите,групата планира  да киднапира и да обезглави офицер од воена база.

Голема воена вежба на НАТО за борба против Исламскате  држава

 НАТО и неговите сојузници    во  октомври и ноември  ќе спроведат  најголеми  воени вежби,во       последните 13  години ,  со посебен фокус на борба против Исламската држава. Вежбите ќе се одржат во Италија, Шпанија, Португалија и во Средоземното море,  и во нив ќе учестуваат  36 илјади припадници на копнените, морските и воздухопловните сили.

Обама му заблагодари на Путин за нуклеарниот договор со Иран

Претседателот на САД  Обама му заблагодари на рускиот колега   Путин за важната улога на неговата земја во финализирањето на договорот за иранската нуклеарна програма. Во интервју за весникот „Њујорк тајмс“ Обама призна   дека можеби немало да дојде до договор без Русија, која влијаела врз Техеран да прифати потежок договор од оној што го посакувал. п Двајцата лидери имале и телефонски разговор при што се согласиле на тесна соработка во спроведувањето на договорот.