Македонија
24. March 2017 - 14:30

Голема рација во Тетово, еве што заплени полицијата

Спортска обложувалница што работела без потребната документација била цел на акциската контрола што вчеравечер помеѓу 21:30 часот и 23:30 часот ја спровеле полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски. Обложувалницата е во сопственост на Д.Ф.(28) од Тетово.

- При контролата од вработениот во обложувалницата П.Т.( 44 ) од Тетово со потврда биле одземени 11 телевизори, 15 монитори, еден компјутерско куќиште, два печатачи, една тастатура и еден маус.

По целосното расчистување на сите поединости околу работењето на обложувалницата, ќе следува соодветен поднесок за нелегално приредување игри на среќа, рече Јосифовски.