Голема „Македонска вечер“ во Хамбург за собирање средства за изградба на Црковен храм | ВИДЕО
Македонската химна се пееше во едне глас, се вееја македонски знамиња, се истакнуваа македонски реквизити – во Хамбург, Германија се одржа голема македонската вечер, зад чија организација стои Патриотско друштво, Црковниот одбор на црквата во Хамбург, Св. Ѓорги Кратовски и Легаси Евент. Овој настан беше наменет за собирање средства за изградба на македонски православен храм во Хамбург.
Салата во Хамбург која е со капацитет до 500 луѓе, во саботата вечерта беше претесна да ги собере сите македонски иселеници во Германија кои имаа желба и сакаа да бидат дел од овој голем настан и да се вклучат во собирањето средства за изградба на православен храм за македонските верници. Секој од нив, доаѓаше со помисла да ужива во прекрасна атмосфера. Такви беа очекувањата и на бендот на Дамјан Стојаноски, од каде посочија дека каде и да одат, Македонците ја чуваат и негуваат музиката.
Бисер балкански, Заветна, Македонско девојче и уште многу други песни беа на репертоарот на пејачите Методија Столески, Василија Петрова, виолиниската Сања Здјелар и Дамјан Стојаноски со неговиот бенд.
Забавата течеше во најдобро светло, народот уживаше и се забавуваше а тоа беше причина за задоволства кај организаторите кои се потрудија овој настан да се случи. Веруваат дека ова е само почеток и дека македонскиот народ сплотен може да изгради свој храм но може да направи и многу повеќе. Атомсферата и енергијата која луѓето ја чуствуваа секако беше и резултат на одличните настапи на македонските изведувачи кои во овие пет часа ги оставија и гласот и срцето на бината.
Во салата речиси и да немаше човек кој барем еднаш не заигра македонско оро или не запеаа заедно со изведувачите. По она што тие го кажуваа, очекувања од пред почетокот беа исполнети и надминати.
Освен Македонците од Хамбург, на настанот имаше и гости од други делови на Гермнија, а меѓу присутните беше и претседателот на црковниот одбор во Берлин, кој посочи дека соработката меѓу македонските здруженија мора да постои.
Иницијативата за собирање средства за изградба на православен храм во Германија продолжува и во наредниот период, а Македонците покажаа сплотеност и желба истото да го остварат.
Кирил Стојанов
Ново на Сител
-

Путин 4,5 часа одговараше на политички, но и на лични прашања
-

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не се пука во Коалицијата на подготвените
-

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј
-

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори
-

Првообвинетиот за убиството на турскиот државјанин во Штип призна вина
-

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад
-

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
-

Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име
