-->
-->
Голема ескалација: Русите отвориле оган - заземени се 3 украински воени бродови, има и повредени
-->

Според последните информации кои што во текот на ноќта ги пренесоа руските медиуми, ситуацијата во близина на полуостровот Крим ескалираше – Русите изведоа нова агресија над Украина!
Како што потврди Руската безбедносна служба „ФСБ“, руските сили отвориле оган кон украинските бродови, а набрзо потоа и ги зазеле.
Да потсетиме, група на бродови на украинската воена морнарица навлезе во територија која што Русите тврдат дека е нивна во текот на вчерашниот ден, по што ситуацијата стануваше се потензична од час во час.
Русите најпрвин го блокирале теснецот со танкер, ги подигнале воените авиони, а сега пристигнуваат информации дека бил отворен оган кон украинските бродови. Руските медиуми пренесуваат дека тројца украински морнари се повредени и им била пружена медицинска помош. Според „ФСБ“, тие не се во животна опасност.
Украинската морнарица соопшти дека шестмина нивни морнари се повредени: „Бродовите се заземени од руските специјални сили“, потврдија од украинското министерство за одбрана доцна синоќа.
Од Киев тврдат дека нивните три брода пловеле од Одеса кон Мариопол и тие ја известиле руската страна од каде ќе поминат, додека пак Русите го негираат тоа.
Во меѓувреме, се огласија и од НАТО Алијансата од каде што ги повикаа сите страни на воздржаност: „Внимателно го следиме развојот на ситуацијата во Азовското море. НАТО целосно го поддржува украинскиот суверенитет и територијален интегритет, како и правото на пловидба во нивните територијални води“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради трка во планинско трчање „Водно-Матка Треилс 2026“
-

Најмногу дожд во Охрид, Тополчани и Крива Паланка, највисока снежна покривка на Попова Шапка
-

Мицкоски на увид во изградба на новата училишна зграда со поврзување на постоечкото ООУ „Гоце Делчев“ во Илинден
-

Лазарева поворка и каланди во центарот на Скопје по повод Лазарева сабота
-

Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден
-

Облачно со сончеви периоди, во источните делови дожд и грмежи, температурата до 18 степени
-

Астронаутите на мисијата на Месечината испратија фотографии од Земјата
-

Нови напади низ Блискиот Исток, додека Израел го таргетира Бејрут
