Голема акција за чистење во општина Кисела Вода

Од утрово, во координирана заедничка акција на Општина Кисела Вода, ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Комунална хигиена“, се спроведува големо чистење на јавните површини на територијата на општината.
Акцијата го опфаќа потегот од крстосницата помеѓу „Народни херои“ и бул. „Борис Трајковски“ до кружниот тек во населбата Драчево.

Со помош на метли, тримери и телескопски пили, се чистат зелените појаси, се кастрат гранки и се коси нараснатата тревна површина, а тротоарите и коловозите се метат со специјални метларки. Во рамки на акцијата, преку Секторот за месна самоуправа, Општина Кисела Вода ангажираше 40 сезонски работници кои активно се вклучени на терен.

-Хигиената во Општина Кисела Вода мора и ќе биде на високо ниво. Ваквите координирани акции ќе станат редовна пракса, бидејќи грижата за јавниот простор е наша обврска и одговорност. Денес на терен се вклучени сите -општинските служби, јавните претпријатија и сезонските работници, затоа што кога работиме заедно, ефектите се очигледни и опипливи. Но, грижата за чиста и уредна општина не завршува тука. Ги повикувам граѓаните да внимаваат на хигиената, да не фрлаат отпад и да се однесуваат одговорно, затоа што Кисела Вода е нашиот дом. Грижата за чистотата е грижа за самите себе, за нашето здравје и за квалитетот на животот кој сите го заслужуваме- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
-

Владата со пакет мерки спречува раст на цената на горивата
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Јотова подготвува офанзива во Брисел против укинувањето на ветото во ЕУ
