Голема акција на полицијата ноќеска во Скопје, исклучи 33 возачи од сообраќај
Во периодот од 00.00 до 05.00 часот на 16.06.2019 година Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол. Притоа, кај 29 возачи утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека четири возачи одбиле да проверка за присуство на алкохол.
Овие 33 возачи се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и поднесени се мандатни платни налози. Откриени се и 85 останати прекршоци за кои се издадени 41 мандатни платни налози и 44 прекршочни платни налози.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 15.06.2019 спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје, при што се санкционирани 125 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина. Откриени се и 58 останати прекршоци за кои се издадени 23 мандатни платни налози и 35 прекршочни платни налози.
Во периодот од 23.00 часот на 15.06.2019 до 05.00 часот на 16.06.2019 година Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје, при што откриени се осум возачи кои сториле прекршоци. Откриени се и 82 останати прекршоци за кои се издадени мандатни и прекршочни платни налози.
Ново на Сител
-
Гутереш го повика Израел да го запре проектот за населување на Западниот Брег
-
Конференција „Иднината на лозарството: Иновации, стандарди и одржлив развој“
-
Ким ги поздрави севернокорејските команданти и војници кои се вратија од рускиот Курски регион
-
ОН: Бројот на неухранети деца во Газа од март е зголемен тројно
-
Апелациски суд во САД дозволи депортација на 60.000 имигранти од Хондурас, Никарагва и Непал
-
Џ. Д. Венс: Европа мора да го понесе лавовскиот дел од товарот за безбедноста во Украина
-
Поради пожар забрана за сообраќај на регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Седница на Националната комисија за УНЕСКО во Охрид