Македонија
6. April 2021 - 13:16

Голема акција на МВР: Приведени десетина полицајци кои фалсификувале лични карти и патни исправи

Во голема полициска акција, според информации од МВР уапсени се десетина полициски службеници кои биле дел од ланец за фалсификување на патни исправи и лични документи.

Високи извори од МВР посочуваат дека акцијата се спроведува по повеќе од една година истрага и документирање на работата на криминалната група.

Покрај МВР во акцијата се вклучени и Канцеларијата за истраги на американската амбасада и Интерпол. 

Истите извори вчерашниот брифинг од опозицијата посочуваат дека бил во насока да се саботира оваа меѓународна акција. Акцијата е во тек, а од МВР детали најавуваат по нејзиното завршување.