Голем, весел ромски погреб: Со игра, песна и виски го испратија кон вечното почивалиште

Стотина Роми се собраа во предградието Сари во Англија на погребот на таткото на риалити ѕвездата Педи Доерти. Сајмон Доерти ќе остане запаметен како „татко на сите патници“, како што во Велика Британија ги викаат Ромите. Повеќе од 12 сребрени „ролс ројси“, а на секој стоеше ирското знаме, беа наредени пред црквата Св. Мајкл. Ковчегот беше украсен со ирската тробојка и пораката: „Сајмон Доерти - ковач, крал на сите Доерти“.
Сајмон Доерти, викан Сајми, имал 15 деца и повеќе од 150 внуци и правнуци.

-На некој начин, беше како мафија, но не на лош начин - сите со проблем му се обраќаа - вели неговиот син Педи. Беше како кум на сите и она што тој ќе го кажеше беше закон. Рече дека не сака никој да плаче на погребот, сака сите да пеат, да бидат среќни и пијани. Не беше просечен човек. Беше посебен. За него се мораше да биде со пет ѕвездички, живееше најдобро што умееше и биде најдобар.

Цело време додека траеше службата во црквата, Педи Доерти (58), поранешен боксер кој не користел ракавици, седел со рака на ковчегот на таткото.

На гробот се оставени венци во форма на потковица, шише виски, „ролс ројс“... Зелени балони со четири листови и шест бели гулабици се пуштени во воздух. Саканиот прадедо имал над 80 години, кога починал.
Неговиот син Педи беше ѕвезда во реалното шоу „Голема дебела циганска свадба“ и во „Големиот брат“.
Ново на Сител
-

Во Струшко изречени 57 санкции за сообраќајни прекршоци, приведено едно лице, а одземено е и едно возило
-

Вооружен маж е убиен откако со возило влетал во синагога во Вест Блумфилд, во околината на Детроит
-

Трамп упати нова закана до Иран: Внимавајте што ќе се случи денеска
-

Мицкоски во Кочани на почеток на изградба на две улици и на увид на градежни активности
-

Сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степени
-

Мицкоски: Во име на Владата имавме чест да организираме ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност
-

Новиот Ирански врховен лидер, Моџтаба Хамнеи, вети одмазда за жртвите од војната
-

Три малолетни девојчиња нападнати од четири женски лица во Аеродром
