Македонија
28. October 2019 - 20:51

Голем шумски пожар во Сарај

Голем шумски пожар во о.Сарај на потег од с.Копаница - с.Љубин.

Од таму велат дека веќе има екипи на терен и дека нема причина за паника кај граѓаните.

– Пределот е непристапен но сепак екипите на БППЗ-Град Скопје работат на терен. Поради вечерните часови пожарот ќе биде видлив и од Скопје, пишува во соопштението од скопската противпожарна служба.