Голем проблем за Фалангата - како да влезат во салата!
Ракометната репрезентација на Макеоднија од загреб се пресели во Вараждин каде што ќе бидат одиграни натпреварите од Групата 2, а големиот број на навивачи се во проблем.
Екипата на селекторот Раул Гонзалес во првиот круг беше сјајна и со победите против Словенија и Црна Гора, односно ремито со бранителот на титулата Германија во продолжение од натпреварувањето пренесува три бода, меѓутоа илјадниците македонски навивачи се фаќаат за глава затоа што влезници за дуелите во Вараждин повеќе нема.
Салата во Вараждин е скоро три пати помала од „Арената“ во загреб и капацитетот од 5200 места не ги задоволува потребите на навивачите, пред се од македонија и Словенија.
Според некои информации одреден број на влезници завршил кај „тапкарошите“ кои можат добро да заработат и покрај предупредувањата дека препродавањето на карти ќе биде санкционирано.
Во групата во Вараждин играше селкцијата на Унгарија и голем број на нивни навивачи пред време се вратија дома, така што Македонската Фаланга и на овој начин се надева дека ќе дојде до влезници во салата.
Македонија првиот натпревар од втората фаза го игра во недела во 20:30 часот против Шпанија, која натпреварувањето го продолжува со 2 бода.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори
-
Променливо време со дожд и во наредните денови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол, приведен насилник
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија