Голем пожар во Куманово
Противпожарни екипи од Куманово со приближно 20 пожарникари се вклучени во гаснењето на пожарот кој избувна попладнево во 18:15 часот во локалитетот Касапски круг при што беа зафатени дел од просториите од Одделението за катастар на недвижности во Куманово.
Според информациите на командантот на ППЕ Куманово, Дејан Илиевски пожарникарите се уште работат на отстранување на лимениот покрив и на гаснење на жариштето на пожарот.
Според него, во текот на ноќта ќе остане дежурна една екипа.
Градоначалникот Зоран Дамјановски изврши увид во просторите на тн. стара општина Куманово, бидејќи во таа зграда се сместени неколку одделенија и сектори од општината. Тој рече дека има причинето голема материјална штета и дека од утре ќе се изврши увид што всушност е уништено во пожарот што избувна во центарот на Куманово.
Според првичните информации на екипите од терен, едно лице е повредено.
Ново на Сител
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Мицкоски: Ги следиме случувањата во Србија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Диви депонии
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровскo езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки