Балкан
15. March 2017 - 9:32

Голем пожар утринава ги разбуди граѓаните

Рано изутрина околу шест часот пожар зафати куќа во Белград, а граѓаните бегале боси во паника на улица. За среќа повредени нема, а на местото на пожарот веднаш дошла противпожарна екипа која ги ставила пламените јазици под контрола.
 
Пожарот избувнал на кров на куќа, но со оглед на тоа дека таа е допрена до зграда, еден станар вдишал чад. 
 
Брзо биле евакуирани сите станари, тие боси и во пижами во паника излегувале надвор.