Голем пожар на паркинг во Скопје, изгореа 4 возила

Ноќеска во 02.50 часот во Скопје на ул.“Радишанска“ на паркинг настанал пожар во кој целосно биле опожарени патничко моторно возило “Фиат Пунто“, сопственост на Г. Љ. (1997) од Скопје и патничко моторно возило “Сузуки Свифт“ сопственост на А.П.(1964) од Скопје, а делумно биле опожарени патничко моторно возило “Ауди“ сопственост на правно лице, а паркирано од страна на В.С.(1978) од Скопје, и патничко возило “БМВ Х5“ со бугарски национални ознаки сопственост на правно лице “Спидекс интернационал“, а паркирано од страна на Ѓ. К. (1966) од Скопје, кои биле во непосредна близина на опожарените возила.
Пожарот е целосно изгаснат во 03.30 часот од страна на екипа од Противпожарната служба-Скопје.
Сеуште не е позната причината за опожарувањето, како и од кое возило започнал пожарот. Увид ќе се врши во текот на денот.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата го опструира носењето на Изборниот законик
-

Покачувања на цените во рестораните и кафулињата
-

Кошмар во Штип, додека спиеле багер им срушил дел од куќата
-

Ќе се деминира трасата на автопатот од Прилеп до Битола
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ на централен одбор расправа за пратеничката Славјанка Петровска
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Еврокомесарката Кос во посета на Скопје
