Голем пожар беснее меѓу селата Муматчево и Милино на границата на Општина Велес со Општина Лозово
Голем пожар со зафатена голема површина на сува трева и стрниште од вчера попладне, цела ноќ и се уште утрово беснее во реонот помеѓу селото Мамутчево и селото Милино, кои се на границите меѓу Општината Велес и Општина Лозово. Од утрово со пожарот се зафатени и дрвца - борчиња.
Поради силниот ветер што дува непрекинато тешко е неговото гаснење, од страна на вработени од Пожарната единици од Велес и Шумското стопанство „Бабуна“ од Велес и пожарникари од Свети Николе и вработени од Шумското стопанство „Шумарство“ од Свети Николе.
- Засега поради силниот ветер во неговото гаснење не можат да се вклучат воздухоплови, информираат за МИА од Центарот за справување со кризи од Велес.
Тие информираат дека засега нема опасност од пожарот да зафати куќи од овие две села во Овчеполието.
Во гаснење на пожарот се вклучени 15 пожарникари со три возила од ТППЕ Велес, пет вработени од Шумското стопанство „Бабуна“Во гаснење на пожарот вклучени е и екипа на Пожарната од Свети Николе и екипа од вработени од Шумското стопанство„Шумарство“ од Свети Николе.
Ново на Сител
-
Три лица повредени, меѓу нив и малолетник кога возило излета од патот во Скопско
-
Во тек е кампањата „Носи кацига“
-
Две тела пронајдени во запален стан во Нови Сад
-
Царинска управа: Спречено криумчарење на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните
-
Воз удрил во автомобил во Драчево
-
Драматично спасување на заробен човек во длабока тиња и кал во реката Пчиња
-
Орбан неочекувано ја посети Кина
-
Детали од вчерашната сообраќајка во Охрид - Загина 23 годишен мотоциклист