Голем интерес за самовработување во Крива Паланка
Вкупно шеесет барања за искористување на мерката грант со самовработување поднеле младите невработени лица од Крива Паланка до канцеларијата на Агенцијата за вработување, од каде информираа дека огласот за три мерки од годинашниот Оперативен план е се уште активен.
- Невработените лица од општината можат да аплицираат за поволности од активните мерки за обука со субвенционирано вработување, микро и мали претпријатија и самовработување со грант неповратни средства, за кој младите се најзаинтересирани. Огласот за самовработување се одвива во две фази, првата почна на 11 јануари и трае заклучно со 5 февруари, а ќе опфати околу 60 отсто од вкупниот број од 920 лица на ниво на државата, додека 40 отсто од барателите ќе бидат опфатени во наредната фаза која ќе се реализира кон крајот на мај и почетокот на јуни 2016 година, изјави Грозде Георѓиевски, раководител на Агенција за вработување, Крива Паланка.
Младите Паланчани пројавиле голем интерес за отпочнување сопствен бизнис.
- Од поднесените 60 барања досега, се очекува дваесетина лица од оваа прва фаза да добијат можност да станат млади претприемачи кои сами ќе ги менаџираат своите финансиски приливи, рече Георѓиевски.
Лани со мерката грант со самовработување која овозможува неповратни средства во висина од 185.000 денари да бидат инвестирани за набавка на опрема и репроматеријали 33 лица од Крива Паланка го решиле проблемот со невработеноста.
Ново на Сител
-
САД ги разгледуваат правилата за ограничување или забрана на кинеските дронови
-
Македонски државјанин пронајден мртов во Италија
-
Утре седница на собраниската Комисија за избори и именувања, на 10 јануари пленарна седница
-
Препознавање и совети за негување и поддршка на дарбата кај едно дете
-
Вучиќ: Ден после „Рибникар“ странски служби бараа да им го предадеме малолетниот убиец
-
Македонското МНР: Нашите мисли се со народот на Црна Гора
-
Од утре дожд и снег
-
Се разгледува можноста за доградба на жичарницата на Водно