Балкан
3. January 2017 - 11:05

Турција била главна мета за напади на ИД во текот на 2016 година

Турција била главна цел на терористите од групата Исламск држава (ИД) во текот на 2016 година, ако се земе предвид бројот на жртви на нападите на џихадистичката групација, пишува „Хуриет дејли њуз“. 

Имено, во нападите на ИД во Истанбул и во Газиантеп минатата година, се убиени 124 лица се убиени, а 419 луѓе беа ранети. 

Најмалку 275 лица загинаа, а илјадници се повредени во големите бомбашки напади извршени во Турција од страна на ИД или илегалната Курдска работничка партија (ПКК) во текот на изминатата година. 

Податоците не ги вклучуваат 39-те жртви од нападот во ноќниот клуб „Реина“, што се случи на новогодишната ноќ во Истанбул. 

Турција е дел од коалицијата предводена од САД која војува со ИД, а турски сили е вклучени и во операции во Сирија за прогонување на терористичките групи од реоните долж нејзината граница.