Голем број посетители во бањата Стрновац

Голем број посетители од Куманово и соседните општини летово ги посетуваат базените со топла вода во Стрновац, општина Старо Нагоричане и покрај тоа што во моментов со бањата не стопанисува општинското комунално претпријатие, информираше градоначалникот на општината, Милован Стојковски.
Бањата ја посетуваат и жители од градовите и населените места од југот на Србија. Советот на општина Старо Нагоричане пред неколку години донесе одлука со бањата Стрновац да стопанисува комуналното претпријатие.
- Годинава имаме проблеми со ликвидното работење на претпријатието. Се надеваме дека многу брзо проблемот ќе се надмине, така што со бањата ќе може да стопанисва комуналното претпријатие, ќе се оддржува, ќе се собира сметот, изјави градоначалникот Стојковски.
И покрај овој проблем, нема осцилации во однос на посетеноста на бањата која привлекува посетители и во есен и зима. Штом комуналното општинско претпријатие ќе го преземе стопанисувањето, влезот во бањата ќе се наплаќа симболични 50 денари.
Термоминералниот извор се наоѓа на три километри од општина Старо Нагоричане, на дваесетина минути од Куманово. Протокот на вода, е 12 литри во секунда, а температурата е константна во текот на целата година и изнесува 39,5 степени целзусови. Водата од Стрновац извира од длабочина од 200 метри природно, без пумпи, а кај корисниците постои верување дека лекува од ревматски и други видови заболувања. Водата во оваа бања за прв пат избила на површина во осумдесетите години од минатиот век и оттогаш наваму масовно ја посетуваат жителите на регионот.
Ново на Сител
-

Песков: Преговорите со Украина во моментот се на пауза
-

Хуманитарна помош од два милиона евра од ЕУ за Непал
-

Нов рекорд за меѓународниот аеродром во Тирана, над 60.000 патници за еден ден
-

Неготинец пријавил измама од 280.000 денари
-

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски
-

МНР: Две малолетни и едно полнолетно лице загинаа во сообраќајна несреќа во Словенија
-

MHERO официјално пристигна во Македонија: Oдржана премиерата на моќниот MHERO II 817
-

Во поплавите во Непал 475 жртви, 2.381 лице се водат како исчезнати од кои 644 се странци
