Loading Video...
Фудбал
25. јуни 2019 - 14:16

Голд Куп: Канада – Хаити и Мексико – Костарика во четвртфиналето

Познати се два четвртифинални парови и на шампионатот на Северна и Централна Америка. 
 
Репрезентацијата на Хаити славеше победа над Костарика со 2-1 во директниот меч за освојување на првото место во А групата, со што за противник во четвртфиналето Хаити ја доби Канада, додека еден од главните конкуренти за шампионскиот трофеј Мексико ќе игра против Костарика. 
 
Останатите двојки за четвртфиналето ќе бидат познати по одигрувањето на дуелите од последното коло во групуте Ц и Д од кои сигурни патници и тоа од Д групата се САД и Панама кои ќе играат за првото место меѓусебно.