Гојковиќ: Новата српска влада ќе биде гласана до крајот на следната недела
Новата српска Влада на мандатарот Ана Брнабиќ до крајот на следната недела треба да биде утврдена во Парламентот, изјави денеска претседателката на Парламентот, Маја Гојковиќ, пренесе ТАСС.
Според парламентарните процедури, Брнабиќ треба од Парламентот да побара специјална седница, на која ќе се ислуша нејзиното експозе и да бидат разгладени составот и програмата на идната влада.
Гојковиќ смета дека расправата за владата ќе трае неколку дена, но до крајот на следната недела Србија ќе го добие новиот владин кабинет.
Претседателката на Парламентот потврди дека претседателот Александар Вучиќ веќе го поднел до Парламентот официалниот документ, со кој на Ана Брнабиќ и го дава мандатот за состав на новата влада.
Доколку предложената влада од Брнабиќ биде утврдена од Парламентот, тоа ќе биде 15-та влада по ред од 1990 година, кога во Србија беше воведен повеќепартискиот систем.
Се очекува формирањето на новиот кабинет да заврши до 22 јуни, за да може владата во полн состав да присуствува на церемонијата на стапување на должност на претседателот Вучиќ, закажана за 23 јуни.
Ново на Сител
-
ФФМ: Однесувањето на Даку е неприфатливо и спротивно на основните вредности на спортскиот дух
-
Мицотакис: Скопје да сфати дека не може да си игра со Атина за прашањето со името
-
Илјадници домаќинства во Нов Зеланд се без струја поради поројни дождови
-
ЦУК: Дванаесет пожари на отворено во изминатото деноноќие
-
Двајца загинати и неколкумина повредени во експлозија на бомба во Цетиње
-
Јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред на 21, 22 и 23 јуни
-
Албански фудбалер ги пцуеше Македонците по натпреварот со Хрватска | ВИДЕО
-
Почина 25 годишен војник откако му се слошило на „Криволак“