-->
-->
Годишно собрание на Здружението на пензионери од Делчево
-->
Здружението на пензионери од Делчево го одржа третото годишно собрание. Како што информираше претседателот на здружението Моне Ѓорѓиевски, на годишното собрание бил разгледан годишниот извештај на здружението и била усвоена завршната сметка и финансискиот план за 2019 година.
- Финансискиот план за минатата година е целосно остварен и со позитивно салдо, на сметката имаме некаде 25 илјади денари, кои се бидат префрлени за реализација во оваа 2019 година. Според проценките кои ги направивме за оваа година која ќе биде и изборна, здружението ќе има на располагање околу милион и 100 илјади денари, истакна Ѓорѓиевски.
Во Здружението на пензионери од Делчево членуваат 3.200 пензионери кое, како што дополни Ѓорѓиевски, претежно се финансираат од членарината која месечно од пензионер изнесува 30,50 денари.
Со годишното собрание на Здружението на пензионери од Делчево се заокружуваат активностите во мандатот на ова собрание. Наредниот период до месец април ќе биде избрано новото општинско раководство како и нови раководства на основните пензионерски организации и на пензионерски ограноци по селата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во Вреди
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Не успеа обидот на ДУИ за надзорна расправа за Кочани
-
Тошковски за ДУИ, СДСМ и Левица – политички паразити на кои им пречи расчистување со криминалот
-
Шест закони под лупа на антикорупциска
-
Таравари: Ќе има одговорност ако се утврдат пропусти кај третманот на 57 годишниот пациент кој почина на Кардиохирургија
-
Финансиска полиција и ОЈО ја тресат ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп