-->
-->
Годишно собрание на риболовците од Крива Паланка
-->
Спортско риболовно-рекреативниот клуб „Мрена “ од Крива Паланка одржа редовно работно годишно собрание на кое покрај годишниот извештај за финансиското работење на здружението беа истакнати проблемите со кои се соочуваат риболовците, а беше презентирана и Годишната програма за работа за тековната 2016 година.
- Посебен акцент беше ставен на проектите реализирани минатата година, порибувањата, но и на проблемите со кои се соочуваме, при што продискутиравме како да се решат. Исто така се договаравме и рибарите даваа предлози како поуспешно да се организираме оваа година, а беше нагласено да се посвети големо внимание на заштитата на рибниот фонд, изјави Александар Рангелов, претседател на СРРК „Мрена“.
Додаде дека треба на Собранието се потенцира и да се почитуваат обврскитe кои призлегуваат согалсно потпишаните договори како концесионери.
- Ја истакнавме и неопходноста и важноста од наша идна поажурна соработка со сите институции, а истакнавме, и кои с еидните проекти кои се планира да бидат реализирани, вели Рангелов.
Според него, мора да се работи во насока на надминување н апроблемите со заштита на рибнито фонд со кои се соочуваа лани.
„Мрена“ од Крива Паланка е едно од најстарите здруженија за спортско-рекреативен риболов во државата, формирано во 1954 година. Во моментов има околу 200 члена, а според одговорните, со годишната програма е планирано и да се организира едукативен камп за млади за поттикнување на младите од општината да се приклучат кон „Мрена“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Детска Клиника преполна со болни деца од респираторни инфекции
-
Дурмиши: Нема да се толерира картелско здружување на ланците маркети
-
Електронски ќе се вади уверение за остварен доход
-
Почнуваат карневалските денови
-
СДСМ бара оставка од министерката за финансии за навредите кон пратеничката Петровска
-
Гаши ги следи реакциите за вчерашната седница за пратенички прашања
-
Барањето за разрешување на Коцевски се уште не е стигнато во Советот на јавни обвинители
-
УЈП со нова услуга - Уверение за остварен доход ќе се вади електронски