Гоце Атанасовски го фати крстот во Македонска Каменица
Деветнаесетгодишниот Гоце Атанасовски, фудбалер во ФК „Саса“ денеска го извади Светиот крст од водите на Каменичка река во Македонска Каменица.
Атанасовски прв пат имаше среќа да го извади крстот од водата и во конкуренција на десеттина млади кои беа најхрабри да влезат во стдената вода, тој беше највешт и најсреќен.
- Посакувам крстот да им донесе среќа и бериќет на сите, па и на мене, рече Атанасовски.
Стотици граѓани од Македонска Каменица присуствуваа на одбележувањето на еден од најголемите христијански празници, Богојавление-Водици. Одбележувањето на празникот започна со утринска богослужба во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, по што беа осветени водите во Каменичка река и беше фрлен Светиот крст. Традиционално, за најсреќниот учесник, општина Македонска Каменица обезбеди подароци. Оваа година Атанасовски од општина Македонска Каменица доби златник со ликот на св. Јован Крстител.
Ново на Сител
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро
-
Кражба во црква во Штип
-
Во Гевгелија започна изградбата на Трговски центар, инвестиција вредна околу 20 милиони евра и отворање на 350 нови вработувања
-
Процесот е во финална фаза, очекувам во јануари банките да почнат активно да пренесуваат дел од средствата од унгарскиот заем до компаниите, вели Мицкоски
-
Мицкоски: Не би шпекулирал дали Груби е во Албанија или во Косово, факт е дека не бил чист како солза
-
Возач бегајќи од полицијата се забил во продавница во трговски центар во Тексас, ранил петмина и бил застрелан
-
ФФМ избра нов претседател