ГОБ „8-ми Септември“: На Јанакиески не му се констатирани телесни повреди
Од ГОБ „8-ми Септември“ попладнево потврдија дека кај нив бил примен поранешниот министер Миле Јанакиески, кој учествувал во инцидент во затворот „Скопје“ во Шутка, но оти не му биле констатирани телесни повреди.
-Во Градската општа болница „8-ми Септември“ Скопје е примено лицето М.Ј кој анамнестички (по вербално кажување) се пожалил на болки по телото и главата. По извршениот соодветен клинички лекарски преглед не се констатирани никакви телесни повреди, се вели во соопштението од болницата.
Од ГОБ „8-ми Септември“ апелираат јавноста да ги следи официјалните информации на надлежните институции и да не се подлегнува на шпекулации.
На Јанакиески синоќа му беше одреден 30-дневен притвор во врска со случувањата во Собранието на „27 април“. За истиот случај притвор доби и поранешниот министер Спиро Ристовски, кој според информации од затворот исто така учествувал во инцидентот но не се пожалил на повреди.
Ново на Сител
-
Починат работник донесен во Ургентниот центар во тетовската болница
-
Средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Обединетото Кралство, Лосон
-
Позиција на МНР за Заедничката изјава од Литванија во Советот за човекови права на Обединетите нации
-
Филипче на прва координација со пратеничката група на СДСМ
-
Кавадарчанец силувал 26-годишна девојка
-
Вучиќ: Зголемени дејствија на авиони и беспилотни летала со извидувачки намери кон Србија
-
Се тепале татко и син во Куманово, употребен е и нож
-
Загина 35-годишник во сообраќајка на автопатот кон преминот „Богородица“