-->
-->
Го сокри под перките: Кит од 36 тона спаси нуркач од ајкула
-->
Видеото од големиот кит кој ги штити нуркачите на кои им се доближува ајкула, настанало во водите околу Куковите острови во јужниот дел на Тихиот океан. Морскиот биолог Нен Хаусер кажува дека китот ја заштитил неа и тимот од тигреста ајкула.
Китот со тежина од 25 тони и должина од околу 14 метри, во еден момент се издигнал над водата. Нен кажува дека настанот се случил во октомври и дека тоа докажува дека на китовите им е вродено да ги штитат другите животински видови, вклучувајќи ги и луѓето. Тој верува дека такво нешто никогаш не е снимено, пишува Daily mail.
“Не бев сигурна која е намерата на китот кога се доближи. Не престануваше да ме турка цели 10 минути” кажува таа.
“Поминав 28 години под вода со китови, но никогаш немав видено кит кој е толку грижлив и кој инсистираше да ме спаси” додава таа.
Научниците и претходно гледале како китовите спасуваат други видови, но ова е прв документиран случај каде што китот штити човек од ајкула.
“Интересно е како се превртеа работите. Поминав 28 години штитејќи ги китовите, а во тој момент не сфатив дека тие ме штитат мене” заклучува Нен.
.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети