Го славиме пророк Данил: Денес на децата облечете им нешто ново, а вечерва погледнете кон ѕвездите!
Денеска е Св. пророк Данил и трите момчиња Ананиј, Азариј и Мисаил.
Сите четворица потекнуваа од Јудиното царско племе. После опустошувањето на Ерусалим од страна на вавилонскиот цар Навуходоносор беа одведени во Вавилон, заедно со голем број Евреи. За животот на пророк Даниил може да се дознае од неговата книга што се наоѓа меѓу книгите на Стариот завет. Тој го прорече времето на доаѓањето на спасителот Христос. Ананиј, Азариј и Мисаил, пак, имајќи силна вера во Бога, останаа неповредени иако беа фрлени во вжештена печка. Кога вавилонскиот цар го виде ова чудо, ги изведе од печката и им даде големи почести. Според едно предание, сите четворица доживејаа длабока старост и најпосле постра¬даа во Вавилон заради верата во едниот Бог.
Според некои обичаи, се верува дека овој ден е добар за прорекнување и гледање на иднината. Во некои области повозрасните луѓе знаат дека вечерва треба да гледаат во небото и да бараат ѕвезди. Ако ги има, наредната година ќе биде плодна. Ако е облачно не очекува голема суша.
Се верува дека на празникот Свети Данил треба децата да ги облече во нешто ново, па дури и да се само чорапи.
Ново на Сител
-
Семејството е стожер на љубовта и општествениот развој, порака од трибината одржана во Дебар-живиот симбол на соживот
-
Приведени двајца бегалци од затвор
-
Пресечен транспорт на два килограма кокаин на аеродромот во Скопје
-
Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум свинг држави
-
Од утре променливо облачно и постудено време, на повисоките планини снег
-
Лишен од слобода криумчар на мигранти
-
Скопје меѓу десетте најзагадените градови во светот
-
Утрово најстудено во Берово, измерени -6 степени