„Го сакам Водно“ бара итен прекин на активностите за изградба на гасоводот низ Водно

Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ бара итно прекинување на активностите за изградба на гасоводот низ Водно заради, како што велат, загрозувањето на животот на работниците на терен и игнорирањето на мерките за заштита од ерозија.
- Се работи на исклучително тежок терен со наклони од 63 отсто во должина од 107 метри, од 71 отсто во должина од 163 метри,… Работниците треба да ги носат багерите во амбис, зошто така оди трасата на гасоводот. Треба да го ризикуваат својот живот за да продолжи изградбата на гасоводот низ Водно по секоја цена, велат од „Го сакам Водно“.
Нагласуваат дека не се применуваат мерките за заштита од ерозија кои се потребни на сите наклони поголеми од 20 отсто во парк шумата Водно иако, како што посочуваат преопрачано е да се имплементираат низ целата делница.
- Мерките не се применуваат зошто не е завршена постапката за јавна набавка за избор на фирма која ќе ги спроведе, порачуваат од Граѓанската иницијатива и додаваат дека Планот за заштита од ерозија по нивно барање пред еден месец е доставен до МЕР и до Министерството за транспорт и врски.
За нив е симптоматично и обновувањето на решението за сеча од градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, а велат дека е можен фалсификат и Студијата за влијание врз животнат средина, бидејќи еден од професорите потпишан како соработник сам јавно истакнал дека првпат слуша за изработка на таков проект. Како посебен проблем го истакнуваат немањето дозвола или мислење од Министерството за одбрана за градба на гасоводот во непосредна близина на бункерот во кој е сместена главната противвоздушна одбрана на Скопје. Посочуваат дека не се донесени и законите за Водно и Матка кои се внесени во владините заклучоци од 22 август годинава.
Ново на Сител
-

Израелската армија изврши напад врз јужните предградија на Бејрут
-

Обвинителство отвори истрага против три лица за криумчарење штетни средства за лекување, за сопственичка на салон за убавина бара мерки за претпазливост
-

Нетанјаху загрижен поради евентуални американски отстапки во преговорите со Иран
-

Шкендија Тетово и Силекс се финалисти во Купот на Македонија
-

МВР: Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило
-

Четири лица се лишени од слобода, седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Нападнат француски брод во Ормуската Теснина, има повредени
-

Рокас: Северна Македонија припаѓа на европското семејство и сме поблизу до таа цел отколку што мислиме, потребен е прагматизам и обединување
