Го оставив бебето во креветче, сабајлето ја затекнав непомошна: Дозволив да умре додека спиев покрај неа
Џема Робертс (33) од Велика Британија, била премногу среќна кога дознала дека по пет машки деца конечно очекува девојче. Мислела дека конечно нејзиното семејство е заокружено. Не ни сонувала со каква трагедија ќе се соочи.
Бебето со име Сидни имала само три месеци кога трагично починало. Џенакако и секогаш, ја ставила во крветчето кое било поставено покрај нејзинот кревет. Ја проверувала како и секогаш, повеќе пати и конечно заспала.
Се разбудила во 7 утринатазбунета затоа што бебето не ја разбудило во 4 наутро за доење. Мислела дека само се успала, но потоа утврдила дека детето воопшто не се помрднува.. Повикала Брза Помош која дететео веднаш го однела во болница, но докторите не можеле да направат ништо.
Малата Сидни починала од синдромот изненадна смрт кај новороденчиња. Иако докторите и нагласиле дека никако не можела да и помогне, Џена се бори со големо чувство на кривица.
- Го изневерив своето дете. јас бев таа која требаше да ја заштити. Како можев да спијам толку мирно и и да немам поим дека дететео ми умира покрај мене?, се прашува мајката. Таа инаку има четири момчиња од првиот брак, а со сегашниот сопруг добила уште две машки деца. Дури потоа ја дочекала толку посакуваната ќерка. Била, како што вели, пресреќна о што конечно купува розеви фустанчиња и играчки да девојчиња. Бебето е родено сосема здраво, со густа црна коса и сини очи.
- Цврсто ја гушкав и бев убедена дека срцето ќе ми пукне од толку среќа, вели Џена, а потоа продолжува да се присетува на трагичната ноќ.
- Ги избакнав сите деца и ги пратив на спиење. Јас околу 21 часот ја проверив Сидни. ја проверив и во 22 часот, а во 23 часот кога потполно ми се приспа, ја бакнав во чело, таа се помрдна и заспав. знаев дека ќе ме разбуди околу 4 часот, како и секогаш. Во 7 часот наутро ја погледнав и когаја видов со ширум отворени очи, а неподвижна, полудев. Повикав Брза Помош, додекаа ја чекав, пробував да ја оживеам. Влетаа болничарите и ја однесоа, а јас се срушив на под врискајќи. Седнавме во автомобил и тргнавме кон болница, таму ни кажаа дека ќеја исклучат од апарати, таа не можеше самостојно да дише. на крајот ми ја дадоа во прегратка, беше ладна, а устата модра. Тоа беше крај, вели Џема и додава дека се молела полицијата да и изрече некоја казна затоа што била уверена дека таа е крива за се.
- И понатаму не умеам со тоа чувство на вина. Се што таа ни даде беше радост и насмевка, а ние не знаевме да ја зашитиме. Се обвинував себе си што ја оставив да спие во бенкица иако докторите на повеќе наврати ме уверуваа дека ништо не сме можеле да направиме. Сите ми кажуваат дека сум силна, ама не сум. Скршена сум и не знам како ќе продолжам да живеам после ова, завршува Џема
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово