„Го градам мојот град“ - 2015

Детскиот културен центар „Карпош“ и годинава, традиционално, по повод Денот на ослободувањето на Скопје, ја организира манифестацијата за предучилишните установи „Го градам мојот град“ - 2015.
Целта на манифестацијата која се одржува во просториите на Детскиот културен центар „Карпош“, е да ги истакне детските творечки способности и детската креативност, како и поопширно да ги запознае децата со денот 13 Ноември и неговото значење за градот во кој живеат.
Секоја градинка, како и во изминатите години ќе ја претставува екипа од пет дечиња, а објектот што ќе се гради е по нивен избор, како и градежниот материјал што ќе го користат (коцки, цртежи или природни материјали како лисја, дрвца,...).
Градинките чии дечиња се учесници на манифестацијата добија и симболични подароци во знак на благодарност за соработката од Детскиот културен центар „Карпош“.
Ново на Сител
-

Турција испраќа авиони Ф-16 во Естонија за заштита на воздушниот простор над Балтикот
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Две лица загинаа во вооружен инцидент во Сиетл
-

Гостивар денеска треба да добие технички исправна вода
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Зеленски одобри план за за повеќе операции со долг дострел во Русија
-

Израел ќе дозволи влез на меѓународни сили во Појасот Газа
-

Почина познатиот актер Гоце Тодоровски
