-->
-->
Го фатиле на граница со фалсификувана дозвола за престој во Швајцарија, уапсен тетовец
-->
Полициски службеници синоќа на Граничниот премин „Ќафасан“ уапсиле тетовец откако било констатирано дека дозволата за престој во Швајцарија била фалсификувана, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Синоќа во 21:25 часот на Граничен премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода Х.Д.(48) од Тетово, затоа што при контрола и проверка на документите било констатирано дека дозволата за престој во Швајцарија била фалсификувана, посочуваат од МВР.
Лицето било предадено на полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал, странци и реадмисија Струга – Регионален центар за гранични работи Запад за понатамошна постапка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДСЗИ изврши надзор во битолската болница по смртта на новороденче
-
Мерко не се чувствува виновен за назначување директори
-
Македонија не е спремна да се справи со евентуални шумски пожари
-
Со паѓање на системот почнаа уписите во средните училишта, рокот за пријавување е до 25 јуни
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Со закон ќе го спречиме поскапувањето на струјата
-
Бектеши: Новата Влада да најде решение за цената на струјата
-
Мицотакис не е задоволен со изјавите на Мицкоски