Македонија
5. September 2020 - 18:15

Го фатиле додека ги палел возилата, почнал да пука и избегал

Утрово околу 4 часот и 20 минути во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Христофер Жефаровиќ“ во Скопје биле опожарени патничко возило „фолксваген пајтон“ со скопски регистерски ознаки и патничко возило „фолксваген туарег“ со светиниколски регистарски ознаки, двете сопственост на 28-годишен И.Ф. од Скопје.

Таткото на сопственикот на возилата 54-годишниот С.Ф. се обидел да го фати лицето за кое се сомнева дека ги запалило возилата, но тоа испукало еден куршум од пиштол и избегало.

Повредени нема. Извршен е увид од полициски службеници од Полициска станица Гази Баба и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ново на Сител