-->
-->
ГН Италија: Ферари надвор од првите десет за прв пат од 1984 година
-->
За прв пат од 1984 година, тимот на Ферари не се пласираше во топ 10 во квалификациите за ГН на Италија. Ниту еден од возачите на „Скудерија“ не се пласираше во третиот сегмент.
Во денешните квалификациите, Себастијан Фетел заврши на 17-то место, додека неговиот партнер во Ферари, Шарл Леклер беше 13-ти.
Пилотите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас ги освоија првите две места.
Трката за Големата награда на Италија ќе се вози утре, 6 септември, со почеток во 15:10 часот.
-->
-->
-->