-->
-->
Глигоров: Ќе се обидеме да ја наметнеме нашата препознатлива игра протиов Зенит
-->
Фудбалерите на Вардар ги прават последните подготовки натпреварот со Зенит, прв од групната фаза во Лига Европа.
Македонскиот шампион веќе ја исполни првата цел и обезбеди историски пласман во групната фаза, но еден од поискусните вардарови фудбалери Никола Глигоров смета дека црвено-црните нема да се задоволат со тоа.
Глигоров очекува да се повтори играта од дуелите пред се со турскиот гигант Фенербахче, која би требало да донесе нов голем резултат.
„Тешко е да се предвиди исход во вакво натпреварување. Понекогаш зависите и од тоа колку противникот ќе ви дозволи да играте, или колку ние ќе му дозволиме нему. Ќе се обидеме да ја наметнеме нашата игра, онаа препознатлива која летово ни даваше резултати. Но. Дали ќе успееме во тоа и дали тоа ќе биде доволно, ќе видиме. Меѓутоа дека ќе го дадеме максимумот и дека ќе се бориме до последниот свиреж, во тоа нема сомнение“, изјави Глигоров.
Мечот, Вардар – Зенит ќе се игра во утре на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, во терминот од 20:05 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран
-
Течат роковите за приговори до ДИК, партиите продолжуваат со изборните активности
-
ЦУК: 1.694 повици на 112 во последното деноноќие
-
Состојба на патиштата
-
САД денеска ќе објават нов пакет помош во оружје за Украина вреден шест милијарди долари
-
Додик подготвен да се поклони пред бошњачките жртви во Сребреница, но не признава геноцид
-
Зеленски повика на инвестиции во украинската одбранбена индустрија
-
Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност