-->
-->
Ѓулен ги осуди репресиите врз неговите поддржувачи во Турција
-->
Исламскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, а во Турција е обвинет за организирање на неуспешниот обид за воен удар, ги осуди репресиите на турските власти врз неговите поддржавачи.
Ѓулен, преку видео-врска на Советот за меѓународна политика во Филаделфија, истакна дека турската Влада го искористи обидот за пуч да ги оправда репресиите против неговите поддржувачи.
- Тие се подложени на тиранија, малтретирање и незаконско одземање на приватната сопственост. Тие репресии се мрачни страници во светската историја, посочи Ѓулен.
Тој демантира какво била вмешаност во обидот за воен удар во јули во Турција, која бара негова екстрадиција од САД.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце
-
Приватните специјализанти освен повисоки плати и здравствено осигурување бараат и системски решенија
-
Транспортерите од Западен Балкан чекаат по 10 часа на граница за влез во Унијата