Ѓукановиќ му ја честиташе победата на Милатовиќ и порача дека вистинските избори допрва доаѓаат
Досегашниот претседател на Црна Гора,Мило Ѓукановиќ, вчеравечер и се обрати на јавноста од изборниот штаб на Демократската партија на социјалистите (ДПС) и притоа го призна изборниот пораз од заменик претседателот на Движењето Европа сега (ПЕС) Јаков Милатовиќ.
–Го почитувам тој избор, му честитам на Милатовиќ. Му посакувам да биде успешен претседател, бидејќи ако е, Црна Гора ќе се движи во вистинската насока, рече Ѓукановиќ и им се заблагодари на поддржувачите кои му ја дадоа довербата.
„Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани кои ми дадоа доверба. Некогаш тие гласови беа доволни за мнозинството, во овој момент не се, но се вредни како планина. Горд сум на огромната поддршка во областите каде мнозинството се припадници на малцинските народи“, рече Ѓукановиќ.
Тој додаде дека е важно Црна Гора да има избори на 11 јуни.
–Се што се случува деновиве потврдува дека, за жал, Црна Гора нема влада, дека има погрешни институции, што се покажа и во овој изборен процес. Многу е важно по 11 јуни Црна Гора да добие влада која одговорно ќе ја води кон европската цел, кажа Ѓукановиќ.
Ново на Сител
-

Савески: Одлуката за жалба за „Талир 2“ ќе биде донесена по анализа на пресудата, а Ленче Ристоска ќе постапуваше доколку не поднесеше оставка
-

Зголемен бројот на ученици и студенти сместени во домови и интернати
-

Жителка на неготинско Долни Дисан измамена за 49.087 денари
-

Мицкоски: Ги исполнуваме обврските од европската агенда, реформите продолжуваат и покрај блокадите на Изборниот законик
-

Кај кавадарчанец пронајдени и одземени 262 куршуми, 51 ловни патрони
-

За шест месеци на ГП „Блато“ кај Дебар минале над 778 илјади патници, што е историски рекордна фреквенција
-

Водата во Гостивар забранета за пиење
-

1.200 пациенти со повраќање, дијареја и температура побарале медицинска помош во Гостивар
