Акумулацијата Гратче порибена со 250 килограми крап

Членовите на спортско-риболовното здружение “Кочански рибар“ денеска го реализираа последното порибување за оваа година на акумулацијата Гратче кај Кочани, при што беа пуштени 250 килограми ситен и крупен крап.
Рибата е набавена од сертифициран рибник и репроцентар со кој и досега кочанските риболовци имаа успешна соработка, при што се вложени околу 70 илјади денари собрани од членарина, од продажба на риболовни дозволи и од други извори.
- Целта е да го збогатиме рибниот фонд во акумулацијата, со што ја исполнуваме законската обврска за одржување на природниот баланс, а го афирмираме и рекреативниот, односно спортскиот риболов во нашата општина. Во исто време ги повикувам риболовците да ги почитуваат прописите, односно рибата да не се лови додека не ја достигне потребната тежина, истакна Димитар Димитров, претседател на Спортско риболовно здружение „Кочански рибар“.
Денешното порибување беше шесто по ред откако кочанското риболовно здружение ја доби концесијата за акумулацијата Гратче, при што во водите на езерото досега се пуштени над два тона риба.
По повод одбележувањето на двегодишнината од добивањето на концесијата, Димитров најави дека на 7 октомври ќе се одржи натпревар во риболов на тапа, а за најдобрите учесници се обезбедени награди.
Ново на Сител
-

Во Собранието последна седница за пратенички прашања пред годишните одмори
-

Американската армија соопшти дека извела нови воздушни напади врз Иран
-

ФИФА отвори дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето на СП
-

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека околу 20 минути
-

Сончево и многу топло
-

Вон контрола пожарот на грчкиот остров Крит во кој загинаа двајца пожарникари, а беа евакуирани села и 29 лица по морски пат
-

Дрон удри танкер за превоз на гас во египетско медитеранско пристаниште
-

Шумски пожари предизвикаа евакуации ширум Турција додека жештината и ветрот ги разгоруваат огнените стихии
