Ѓукановиќ: ЕУ треба да го запре руското „погубно“ влијание на Балканот
Поранешниот премиер на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ денеска апелираше до Европска унија да го запре руското „погубно“ влијание на Балканот.
- Москва поведува еден вид војна против Европа и се заканува на самото постоење на Европската унија, посочи Ѓукановиќ.
Тој се повлече од премиерската функција по парламентарните избори во октомври минатата година, кога Подгорица обвини дека проруски сили планирале да извршат државен удар на денот на гласањето.
Обвинителството на Црна Гора ја обвини Русија и нејзините тајни служби за учество во заговорот за државен удар, како и за планирање на атентат врз Ѓукановиќ.
Кремљ, кој е против ширењето на влијанието на НАТО во Европа, демантира поврзаност со обидот за државен удар, но активно ги поддржува црногорските групи, кои се спротиставуваат на членството на Црна Гора во Алијансата.
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд